

Компанијата FRIGO-BOX со седиште во с. Боговиње, Тетовско, постои од 2002 година, но датира уште од далечната 1969 година, кога е формирана под име Браќа Изаири. 21 година подоцна го менува името во FRIGO-TEKNIK како акционерско друштво со четворица акционери. Подоцна во текот на 2002 година еден од акционерите се одвојува, станува самостоен и ја фомира сегашната компанија FRIGO-BOX. Уште од самото формирање на компанијата FRIGO-BOX, започнати се големи инвестиции во најсовремена технологија, како и отпочнување на соработка со врвни европски компании кои се водечки и етаблирани на пазарот впрочем како и FRIGO-BOX на македонскиот и соседскиот пазар.
За квалитетот и лојалноста што ја има компанијата FRIGO-BOX, кои се впрочем и нивни стратешки определби, кон своите клиенти, треба да се каже дека компанијата се снабдува со репроматеријали од врвни Италијански, Австриски и Германски производители на репро-опрема и се проверени и признати брендови на пазарот.